Уште еден фудбалер го продолжува договорот со Манчестер Јунајтед, дури четворица играчи си заминуваат како слободни агенти?

Еминентниот спортски медиум од Британија „Скај Спортс“ пренесува дека од раководството на Манчестер Јунајтед отвориле преговори со Крис Смолинг за продолжување на соработката со клубот.

29 годишниот фудбалер е еден од деветтемина играчи на Манчестер Јунајтед кои остануваат без договор по крајот на оваа сезона. Од раководството веќе му понудиле нов договор и се чека на Англичанецот дали истиот ќе биде прифатен.

Клубот е во преговори и со Давид Де Геа, Ешли Јанг, Хуан Мата и Андер Ерера за нови договори, и јавноста очекува играчите наскоро да ја продолжат соработката со Манчестер Јунајтед.

Она што ги мачи „ѓаволите“ е фактот што Ентони Марсијал барем засега не ја прифаќа подадената рака за нов договор и бара подобри услови за да остане на „Олд Трафорд“.

Медиумите во Англија пак шпекулираат дека нови договори нема да им бидат понудени на Антонио Валенсија, Фил Џонс, Андреас Переира и Матео Дармиан и дека тие ќе може да си заминат од клубот бесплатно по крајот на оваа сезона. Не се исклучува можноста да бидат продадени во јануари за незначителна сума на пари.