Рабиот од бизарна причина одлучи да го напушти ПСЖ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Адриен Рабиот дефинитивно одлучи да ги напушти редовите на ПСЖ на крај од оваа сезона.

Шпанските медиуми неодамна објавија дека овој играч за врска ги договорил сите услови со Барселона и кариерата ќе ја продолжи на Ноу Камп, а причината што се одлучил за заминување е едноставна.

Рабиот е лут на тренерот Томас Тухел откако тој го казни поради доцнење на тимскиот состанок пред големото дерби со Марсеј.

Германскиот стручњак го казни Рабиот со тоа што го остави на клупа, шанса доби дури на крајот од натпреварот и тоа навистина го налути, па реши да го напушти клубот на крајот на сезоната.

Наводно Рабиот бил многу блиску до продолжување на соработката со ПСЖ. Како што стојат работите тоа нема да се случи, сепак Рабиот ќе го напушти Паркот на принцовите.