Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Милан, Гонзало Игуаин во јануари би можел да го напушти „Сан Сиро“ и да се пресели во англиската Премиерлига.
„Кориере дело Спорт“ пишува дека Челси е заинтересиран за неговите услуги, па според нивните шпекулации Игуаин очекува повик од тренерот Маурицио Сари, со кој успешно соработуваше во Наполи.
Од друга страна, тренерот на Милан, Џенаро Гатузо не е убеден дека Игуаин во јануари ќе го напушти клубот.
Инаку, овој 30-годишен фудбалер од 2013 до 2016 година беше член на Наполи, а минатите две сезони настапуваше за Јувентус, додека сезонава постигна седум голови во 13 натпревари за „росонерите“.