Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Политиката на Флорентино Перез се менува, оваа сезона не доведе ниту една светска ѕвезда, а таков е случајот веќе некое време.
Заминувањето на Кристијано Роналдо е доказ дека клубот се насочил во некоја фаза на реконструкција, а по чекотирте на Португалецот тргна и Лука Модриќ, сега поизвесно од било кога.
Овој 33-годишен Хрват има договор со Реал се до 2020. година, по кој прима 8 милиони евра годишно, Перез не сака да го продолжи, туку да им понуди шанса на младите кои се желни да се докажат.
Така што, максимум уште една сезона има за Модриќ во Реал Мадрид, Интер одвај чекаше ваква вест и би можел на лето да тргне во потера за еден од најдобрите играчи на светот.
Како што се наведува Интер е подготвен да понуди 10 милиони евра за една година на Модриќ.
За него веќе е пронајдена замена, тоа би можел да биде Кристијан Ериксен, играч со слични карактеристики кој е 7 години помлад. Тотенхем е местото каде Реал трагаше за засилувања кога им беа најпотребни, дали и овојпат ќе биде така?