Англиските херои: Ова е неверојатно чуство


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Стрелците за Англија во натпреварот против Велс, Даниел Стариџ и Џејми Варди, изјавија дека се пресреќни поради победата и постигнатите погодоци.

“Неверојатно е чуството. Благодарен сум на бог што имав прилика да постигнам погодок. Ова е одлично. Чуството не може да се опише”– изјави Стариџ после натпреварот.

Сепак, на крајот напаѓачот на Ливерпул додаде дека неговите соиграчи не смеат премногу да се радуваат бидејќи сеуште ништо не е завршено.

“Не смееме премногу да се радуваме, ова е само еден натпревар од групната фаза. Атмосферата е одлична и сите заедно сме во ова”- додаде напаѓачот на Ливерпул.

Варди изјави дека би сакал да биде во првиот тим, но истакна дека важен е тимот. а не поединецот.

“Сите сакаат да бидат во првиот тим, но фудбалот е тимска игра, сите заедно сме во ова. Чекав прилика од клупата и за среќа ја дочекав. Ова е неверојатно”– изјави Варди.