Европа се крена на нозе: ПСЖ и Нејмар се договорија, следува реализацијата?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неговата желба е позната, таткото има поинаква идеја, но одлучува Меси?

Од Франција пристигнуваат вести дека Нејмар договорил заминување од ПСЖ.

Според тие информации, клубот прифати да го пушти за сумата за која е донесен, околу 222 милиони евра, сакаат иднина да градат околу Мбапе, а нема да ја руши атмосфера во соблекувалната заради Нејмар.

Исто така, заминувањето на Бразилецот значи и попуштање на стегата ФФП, за Тухел е важно да го засили редот за врска и одбраната, а се подготвува наводно и обидот Де Геа на лето да стигне во Париз.

Што ќе се случи на крајот останува да видиме, извесно е дека Нејмар мора да ги намали огромните примања ако го напушто Париз.

Барселона го промени мислењето, од категорично „не“, сега размислуваат, Дембеле нема да го пушти на зима, но би можеле да го продадат на лето. Како што се наведува, Нејмар испаќа пораки преку соблекувалната, поточно преку Меси, и смета дека тој е адутот во преговорите со клубот.

Но, Барселона би морала освен Дембеле да го продаде Ракитиќ, а веројатно и Алба, а ќе бидат потребни и млади засилувања како Де Јонг или евентуално нов лев бек.

Од друга страна, останува наводно и Реал како опција таткото на Нејмар кој сака „мрсна“ провизија, но самиот јуниор не е посебно заинтересиран.

Како трет клуб се споменува Сити, но тоа е малку веројатно, Гвардиола бара засилувања на други позиции, а ниту „Граѓаните“ не се подготвени поради сомнежот околу ФФП да издвојат толку пари.