Клоп со луда прослава го „украде“ шоуто на „Енфилд“ (ВИДЕО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Германскиот тренер Јирген Клоп не го криеше воодушевувањето по голот на Давид Ориги за триумф на Ливерпул против Евертон од 1-0.

Ливерпул денеска освои нови важни три бода и така ја одржа бодовната разлика со Манчестер сити, а важниот погодок го натера Клоп да втрча во теренот.

Германецот влезе во теренот и го прегрна голманот Алисон Бекер, по што почнаа сите други да се гушкаат на клупата.