Италијански гигант му нуди „спас“ на Озил


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Унаи Емери нема респект кон никого во Арсенал, па така од не играње не е поштеден ниту еден од најдобрите играчи на клубот, Месут Озил.

Ваквиот начин на работа на Емери очигледно функционира, па Емери воопшто не е критикуван што го изостава Озил од тимот.

„Сан“ пишува дека од таборот на Интер будно ја следат целата ситуација околу Озил и планираат да му понудат „спас“ во летниот преоден рок.

Германецот е под богат договор со Арсенал  кој му завршува во 2021 година, па освен солидна сума за негов трансфер, од Интер ќе треба да издвојат убави пари и за неговата неделна плата.