Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нема ни цели шест месеци по неговото пристигнување во Манчестер Јунајтед, а Фред е веќе разочаран од неговиот предводник, Жозе Мурињо.
Бразилскиот фудбалер истакна дека е фрустриран затоа што добива многу малку шанса од Мурињо, а уште повеќе го налутил фактот што оправдано испадна од селекцијата на Бразил.
25 годишниот фудбалер не се наметна кај Мурињо, иако имаше неколку солидни настапи во дресот на клубот од Манчестер.
„Играм многу малку во Јунајтед, па нормално е што Професор Тите не смета на мене, иако работевме одлично претходно. Секако дека сум разочаран затоа што не играм, но јас мора да се носам со тагата за да можам да напредувам во кариерата.
Тренерот избрал да не ме става во тимот и тоа е негова одлука. Јас продолжувам да ја работам мојата работа и не смеам да дозволам тоа да делува на мене“- коментираше Фред.