Челси го продава – Французинот во Примера?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот напаѓач, Лоик Реми кариерата би можел да ја продолжи во шпанската Примера.

Тренерот на Челси, Антонио Конте не смета на овој фудбалер и до крајот на преодниот рок најверојатно ќе го напушти клубот.

Интересот е голем. Покрај Евертон и Кристал Палас, шпанскиот Виљареал исто така сака да го види кај себе Реми.

Жолтата подморница остана без Роберто Солдадо кој тешко се повреди, па напаѓач им е неопходен.

Реми е првата опција на клубот, наводно испратена е понуда за 29-годишниот французин.

Напаѓачот кариерата ја почна во Лион, а има играно уште за Ленс, Ница, Марсеј, КПР и Њукасл.