Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан вчера ја победи Парма со 2-1 и така стигна до четвртото место во Серија А, по голема неизвесност, откако Патрик Кутроне и Франк Кеси постигнаа голови.
Кутроне со неполни 21 година веќе постигна 25 голови на 63 дуели, колку што одигра за Милан во претходните година ипол.
Кутроне одигра вкупно 3479 минути и може да се каже дека постигнува гол на секои 139 минути, а неверојатно делува податокот дека секој гол бил од шеснаесетникот.
Колку ќе успее да се задржи во првиот тим ќе покаже времето бидејќи постојат шпекулации дека наскоро Златан Ибрахимовиќ ќе потпише со „росонерите“.
Гонзало Игуаин ќе има предност покрај Ибрахимовиќ, доколку тренерот Џенаро Гатузо се реши да игра со двајца напаѓачи, па Кутроне би можел да се пресели на клупата.