Што правеа Меси и Нејмар додека траеше доделувањето на Златната топка?

Хрватскиот фудбалер, Лука Модриќ беше избран за најдобар фудбалер во светот за 2018. година во изборот на France Football.

Модриќ зад себе имаше одлична година со Реал Мадрид и Хрватска, па за Златната Топка славеше пред својот поранешен соиграч Кристијано Роналдо и напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.

Сепак многумина сметаат дека Модриќ не ја заслужил оваа награда пред Роналдо и Меси чија доминација траеше десет години.

Меси во овој избор завшри петти, но сигурно најголемо разочарување е Нејмар, кој беше на 12. позиција. Нејмар премина во ПСЖ со цел да биде најдобар играч на светот, но моменално е многу далеку од тоа.

Она што налути многумина е фактот што Меси, Роналдо и Нејмар не ни дојдоа на церемонијата за доделувањето на наградите, а тоа посебно се однесува на Нејмар, кој живее во Париз каде што се одржуваше церемонијата.

Меси и Нејмар беа активни на социјалните мрежи дури траеше церемонијата и открија дека не ги занимало многу што се случува во Париз. Меси се дружеше со својата фамилија, додека Нејмар играше „Call of Duty“.