Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од Англија стигнаа ексклузивни информации дека УЕФА почнала истрага и дека наскоро Манчестер сити би можел да биде исфрлен од Лигата на шампиони (ЛШ) во сезоната 2019/20.
Во моментов лидерот од Премиерлигата се наоѓа под сериозна истрага на УЕФА, која е на добар пат да ги открие сите финансиски криминали на „граѓаните“ во претходните неколку години.
„Гардијан“ пишува дека Сити ги зголемувале износите на спонзорските договори, а со тоа и своите приходи, за да имаат повеќе пари за купување фудбалери.
Сопственикот на Сити, шеикот Мансур бин Зајед, наводно, директно учествувал во то, а се обвинува и дека тајно ги финансирал „граѓаните“ без официјален извештај.
„Ја проценуваме ситуацијата. Имаме независна комисија, која се ангажира околу целиот случај и наскоро ќе имаме одговори“, кажал Александар Чеферин за „Тајмс“.
Се споменува дека криминалите се случиле во 2015 година кога Манчестер сити требаше да добие околу 60 милиони фунти од главниот спонзор „Итихад“.
Меѓутоа, оваа авио компанија уплати околу осум милиони, додека остатокот на пари стигна директно од Абу Даби Јунајтед групата, која е во сопственост на шеикот Мансур.