Сандро добил богата понуда од Премиер Лигата

Бразилскиот лев бек од редовите на Јувентус, Алекс Сандро добил богата понуда од неименуван англиски Премиерлигаш.

„Калчомеркато“ пренесува дека Сандро добил понуда од десет милиони евра годишна плата и истата веројатно ќе биде прифатена.

Бекот на Јувентус е трансфер цел на Манчестер Јунајтед и Челси, но се уште не е познато кој клуб ја испратил понудата.