Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Спортскиот директор на Рома, Мончи повторно мораше на новинарите да им одговори на прашањето за евентуалното заминување на Един Џеко од клубот.
За потсетување, последните недели во Рим се повеќе се шпекулира за тоа како Дијамантот и Рома не можат да пронајдат заеднички јазик кога е во прашање потписот на новиот договор, па се пишуваше дека Џеко би можел да пронајде уточиште во Премиер лигата.
Исто така, во шпанските медиуми се појави информација дека и Реал Мадрид е заинтересиран за Џеко, но Мончи порачува дека сето тоа се само шпекулации.
„Не, со никого не сум зборувал за продажбата на Џеко. Тоа се само шпекулации“, истакна спортскиот директор на Рома.
За потсетување, Џеко е повреден веќе неколку дена и ги пропушти последните два меча на својот тим, а како што се наведува би требало да се врати на крајот од овој месец.
Верува во Шик и Ди Франческо
Мончи неодамна порача дека тој и клубот се уште имаат доверба во резервниот напаѓач, Патик Шик.
„Нашата доверба во Шик е непроменета. Вистина е дека нема константност, но има голем квалитет и сигурен сум дека наскоро ќе стане важен играч за Рома“.
Исто така, укажа и на довербата на Ди Франческо за кој италијанските новинари пишуваа дека е пред отказ.
„Истакнав веќе многупати дека нашата доверба во тренерот е еднаква како и пред 18 месеци кога го доведовме. Рома од тогаш заврши на третото место во Серија А и играше во полуфиналето од Лигата на шампионите. Никогаш не е само една личност одговорна за резултатите. Неговиот начин на работа останува ист и ден денес како и нашата доверба во него .“