Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ би можел да го напушти Лацио уште во јануари.
Првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, процени дека младиот фудбалер чини 150 милиони евра, па поради тоа Србинот остана во клубот и покрај големиот број на понуди.
Сепак, од почетокот на сезоната Србинот не настапува како што се очекува од него. Сергеј на 18 одиграни натпревари постигна само еден гол и една асистенција.
„Кориере дело Спорт“ пишува дека Лотито во овој момент се подготвува да го пушти Србинот да замине. Наводно, Сергеј ќе се пресели во Интер, но на позајмица.
Директорот на „нераѕурите“, Бепе Марота, го почитува Милинковиќ-Савиќ и сака да го ангажира уште во јануари.