Каде оди светот, ќе имаме нов светски рекорд за дефанзивец


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англичаните полудеа.

Пред две години, Наполи го доведе Калиду Кулибали од Генк за 7 милиони евра.

Прво Евертон понуди 50 милиони евра бидејќи бараше замена за Стоунс. Челси почна со 40 милиони, но понудата беше одбиена иако фудбалерот сака во посилна лига.

Наполи му нуди договор, сака да остане уште една година, но под Везув стигна понуда која не се одбива. Наводно Конте ќе понуди 70 милиони за 25-годишниот фудбалер.

Кулибали ќе стане најскап фудбалер во светот, а рекордот го држи Давид Луиз со 60 милиони евра.

Кулибали нема да потпише договор, па Наполи нема начин за да го задржи.

Јасна е намерата на Конте да ја засили дефанзивната линија бидејќи Тери е престар, Курт Зума имаше тешка повреда, а на Кејхил не му верува.