Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските навивачи не беа поштедени во Барселона.
Лондонски Тотенхем изрази денес голема загриженост по наводите дека неговите навивачи биле тепани од редарите во Барселона и ќе бараат одговори од релевантни официјални лица во Шпанија.
Тотенхем во вторникот вечерта играше против Барселона на „Камп Ноу“, каде беа присутни 4800 англиски навивачи.
На снимките објавени на социјалните мрежи може да се види дека во стадионот редарите со пендраци удираат по дел од навивачите на Тотенхем, а на другите снимки се гледа како истото им се случува на навивачите на пат кон стадионот.
Управата на Тотенхем соопшти дека до крајот ќе истражи што се случило, пренесуваат британските медиуми.
Здружението на навивачи на Тотенхем побара состанок со управата на клубот и бара од навивачите да приложат докази.
УЕФА покрена дисциплинска постапка против Барселона поради блокирање на скалите на трибините, но се уште не ја добиле жалбата од лондонскиот клуб.