Реал Мадрид го доби противникот во полуфиналето на Светското клупско првенство!

На светското клупско првенство, Реал Мадрид го доби противникот за полуфиналето, откако Кашима од Јапонија денеска ја победи Гвадалахара со 3-2.

Залдивар ги донесе гостите во предност во третата минута, а водеа цели 46 минути, по што тргна серијата на Кашима.

Нагаки во 49. минута, а потоа и Сержињо од пенал во 69. минута, како и Абе во 84. минута успеаа да ја однесат Кашима на предност од 3-1.

Сепак, во самиот финиш Пулидо успеа да намали на конечни 2-3.