„Генерацијата од 1999 на Јунајтед би ги победила Редси само со 1:0, бидејќи сите имаме над 40 години“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул вчера на домашен терен во најголемото англиско дерби го победија Манчестер Јунајтед со 3-1.

Редсите на овој начин успеаа да ги израдуваат своите навивачи против најголемиот ривал кој оваа сезона не личи на себе.

Јунајтед тешко успеваше да се закани на голот на Ливерпул, а до гол стигнаа благодарение на лошата интервенција на Алисон.

Сигурно ваквите претстави не им се допаѓаат на навивачите на Јунајтед кои растеа со овој тим во неверојатната генерација која ја водеше Сер Алекс Феругсон. Таа е денес позната како генерацијата од 1999. година кога ја освоија Лигата на шампионите.

После мечот со Редсите во центарот на вниманието беше некогашниот играч за врска на Јунајтед, Рој Кин, кој даде одговор на занимливо прашање околу тоа дали легендарната генерација на Црвените Ѓаволи би усепала да го победи денешниот тим на Ливерпул.

„Ние би го победиле со 1-0 овој тим на Ливерпул. Само 1-0? Да, бидејќи денес повеќето од нас имаат повеќе од 40 години“, изјави Кин.