Ибра во свој стил најави каде конечно ќе ја продолжи кариерата (ВИДЕО)


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Откако на Златан Ибрахимовиќ му истече договорот со Лос Анџелес Галакси, многумина шпекулираат околку тоа каде Швеѓанецот би можел да ја продолжи кариерата.

Реал и Манчестер Јунајтед беа помеѓу фаворитите, а Милан беше тој кој беше најблиску до неговиот потпис, бидејќи преговорите беа пред самиот крај.

Меѓутоа, во последен момент, Ибрахимовиќ одлучи да се откаже од тој договор, можеби и дел поради огромната казна на УЕФА која ја изрече за „Росонерите“.

Денес во свој стил најави дека ќе ја продолжи верноста кон Галакси на барем уште една сезона во МЛС лигата.

Во описот на видеото, пишува дека „се уште не завршил со МЛС лигата“, заменувајќи ја буквата С со буквата од своето име.

Никогаш не се менува Златан…