Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе донира милион долари на семејствата настрадани во поплавите, кои се случија во октомври во Мајорка.
Надал, кој е роден на Мајорка, во тие денови беше на островот и веднаш им помогна на жртвите за да се санираат последиците од полавите.
Легендарниот Шпанец со лопата и метла во рака помагаше во чистењето, а сега планира да донира дури милион долари.
„Знаевме дека е голем човек, како и тенисер. Му благодариме од срце“, порача градоначалникот на погоденото место.