Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓
Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку доби слободни денови од клубот и новиот привремен тренер Оле Гунар Солскјер поради смртен случај во семејството.
Лукаку сезонава игра под очекувањата, а Жозе Мурињо го пресели на клупата. Со големо внимание се очекуваше епилог од неговиот статус под Солскјер, но очигледно тоа ќе мора да почека.
Белгиецот нема да игра против Кардиф и Хадерсфилд во наредните два натпревари, а сезонава Лукаку постигна шест гола на 22 натпревари во сите натпреварувања.