Проблеми во Ливерпул: Салах се заканил дека ќе замине од „Енфилд“


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Израелските медиуми пишуваат дека најголемата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, испратил сериозни закани до управата дека ќе го напушти „Енфилд“, ако тие го донесат репрезентативецот на Израел Моанес Дебур од Салцбург.

Египет има чувствителни односи со Израел, а во минатото војувале, па поради политичко-верски причини Салах не сака да ја дели соблекувалната со еден израелски фудбалер.

Ливерпул бара замена за Роберто Фирмино и наводно Дебур би бил одлична замена, но Салах прави проблеми, па очигледно „црвените“ ќе мора да побараат решение на друго место.

Инаку, Салах лошо ја почна новата сезона, но како минува времето, така египетскиот репрезентативец полека, но сигурно се враќа во форма.