Милан се соочува со проблеми во трката по Фабрегас

Менаџерот на Милан, Џенаро Гатузо истакна дека се сомнева дека неговиот клуб ќе го ангажира Цеск Фабрегас следниот месец.

31 годишниот играч од средниот ред не е прв избор на Сари во Челси, па многу веројатно ќе си замине од тимот во јануарскиот преоден рок.

Челси ќе му дозволи да си оди, но Гатузо смета дека работата е далеку од завршена затоа што од Милан примарно ќе се насочат кон почитување на правилата на Финансискиот Фер Плеј.

„Имаме пречки и влогови пред нас. не може да го направиме она што го сакаме. Фабрегас? Има важни лица кои работат на неговото доаѓање, но ќе биде многу тешко“- истакна Гатузо.