Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан повеќе нема да се обидува да го добие напаѓачот на Севилја, Луис Муриел, кој најверојатно ќе потпише со Фиорентина.
Поради тоа Леонардо и Паоло Малдини бараат ново засилување, а се споменува ангажирање на Маноло Габијадини, кој настапува за Саутемптон.
Според „Калчомеркато“ минатата недела биле направени првите разговори со агентот на фудбалерот, Силвио Паљари, па би можел наскоро Габијадини да се пресели на „Сан Сиро“.
Габијадини претходно има настапувано за Наполи, Сампдорија и Болоња во Серија А, па ова ќе биде негово враќање во италијанскиот шампионат.