Не е се така како што изгледа: Кристијано Роналдо најави голем кам бек…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Петкратниот најдобар светски фудбалер, Кристијано Роналдо потврди дека во 2019. година ќе се врати во репрезентацијата на Португалија.

Роналдо за својата национална селекција последен пат играше летото на СП во Русија откако направи одмор и ги пропушти пријателските, но и натпреварите во рамки на Лигата на нациите.

Многумина помислија дека Роналдо на тој начин „тивко“ се прости од Португалија, но не е се така како што изгледа.

„Во договорот со стручниот штаб не настапив во Лигата на нациите. Имам 33 години и летово го променив клубот, но и земјата, па бев фокусиран на тоа. Ми требаше време да се адаптирам, но сега продолжувам со настапите за Португалија“, порача Кристијано Роналдо.

Кристијано Роналдо за Португалија одигра 154 натпревари и постигна 85 погодоци, а најголемиот успех го постигна во 2016. година кога го освои Европското првенство во Франција.