Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од стартот на сезоната, Наполи имаше проблеми со реализацијата кога се во прашање напаѓачоте.
Главниот шпиц, Аркадијуш Милик немаше блескава полусезона, за тоа придонесоа и повредите, но во последните неколку натпревари, Полјакот се враќа во препознатлива форма.
Знаејќи дека неговата фрома често варира, челниците на Наполи посакуваа да го засилат нападот, а првото име кое се појави беше она на Едисон Кавани.
Уругвајецот како што се наведува, не би имал ништо против да се врати, меѓутоа од Наполи пронајдоа перпсективна варијанта во видов на Ирвинг Лозано.
Фудбалерот на ПСВ Ајндховен е во фантастична голгетерска форма, се докажа и во Лигата на шампионите каде со погодокот на „Меаца“ ги сруши амбициите на Интер во елитното натпреварување.
Мексиканецот има 23 години, Холанѓаните го проценија на 35 милиони евра, што за екипата од Сан Паоло е прифатлива цена.
Сепак, се прашува и Манчестер Јунајтед кој не се откажа од напаѓачот ниту покрај промената на клупата.