Изненадување за „топчиите“: Јувентус подготви интересна трампа со Арсенал!?


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Јувентус покажа желба да го договори Арон Ремзи од Арсенал до крајот на јануарскиот преоден рок, а иако многумина сметаа дека ќе го договори за да пристигне бесплатно во Италија во лето, сепак „бјанконерите“ се решиле на различен потег.

Наводно, „старата дама“ е подготвена да го понуди Сами Кедира на Арсенал за да го ангажира Ремзи уште сега, а не е познат ставот на лондонскиот клуб за фудбалерот на Јувентус.

„Калчомеркато“ пишува дека Арсенал нема што да загуби на ваков начин, односно може да добие само искусно засилување.

А, во прилог на тврдењето на италијанскиот медиум оди и тоа што тренерот на „топчиите“, Унај Емери сака да ја засили одбраната и средниот ред.