Парижаните и покрај насоките од УЕФА ипратија понуда вредна 80 милиони евра: На потег се Италијанците?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ако некој умее да извлече голема сума на пари, тогаш тоа се тие…

ПСЖ сака да потроши голема сума веќе во зимскиот преоден рок.

И покрај јасните насоки од УЕФА дека „Светците“ можат да бидат казнети поради непочитување на Финансискиот фер плеј, Французите како да го занемаруваат тоа, па подготвија дури 80 милиони евра за новата аквизиција.

Во прашање е фудбалерот на Наполи, Алан кој оваа година се проби и етаблираше како еден од најдобрите играчи на својот тим, а неодамна стана и репрезентативец на Бразил.

Од Париз стигнаа неколку понуди и сите беа одбиени, но вистинското прашање е дали Аурелио Де Лаурентис ќе ја одбие најновата во вредност од 80 милиони евра, тврди Коријере дело Спорт.

Самиот играч за врска истакна дека ужива во Наполи, меѓутоа не ја отфрли можноста да ја промени средината на крајот од оваа сезона.