Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако јавноста во Англија шпекулираше дека Доминик Соланке ќе биде ново засилување за тимот на Кристал Палас и тоа на шест месечна позајмица, денес како гром од ведро небо дојде веста дека играчот на Ливерпул го засили тимот на Борнмут и тоа на перманентна основа.
Од Борнмут не ја соопштија цената која ја платија за Соланке, но се шпекулира дека му платиле на Ливерпул цели 17 милиони фунти. Играчот на „Виталити“ ќе остане во следните пет години откако потпиша долгогодишен договор со тимот.
„Мислам дека клубот се движи во правилна насока. Во последните неколку години беа навистина добри во Премиер лигата. Мислам дека ова е добар клуб каде што може да се напредува, посебно за некој на мои години“- заклучи Соланке.
Доминик Соланке пристигна во Ливерпул пред една и пол година од редовите на Челси, но годинава воопшто не доби шанса од Клоп. Минатата сезона 21 годишниот напаѓач собра 21 настап во Премиер лигата.