Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед се пласираше во следното коло од ФА-купот, откако денеска на „Олд Трафорд“ го победи Рединг со 2-0.
„Црвените ѓаволи“ играат многу подобро по пристигнувањето на Оле Гунар Солскјер на тренерскат апозиција, па уште во првото полувреме на денешниот меч ја завршија работата.
Во 22. минута од пенал стрелаше Хуан Мата, а на 2-0 во надополнувањето од првите 45 минути зголеми Ромелу Лукаку.
До крајот резултатот не се промени, иако имаше шанси на двете страни и Јунајтед се пласираше во четвртото коло од ФА-купот.
Вест хем, исто така, се пласираше во наредното коло, откако го победи Бирмингем со 2-0.