Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Кардиф, Нил Ворнок ги нападна Јирген Клоп и челниците на Ливерпул и истакна дека не заслужуваат никаква почит поради потегот кој го направиле со трансферот на Натанел Клајн.
Долго се шпекулираше дека повремениот англиски репрезентативец ќе се пресели во Кардиф, но на крајот Клајн потпиша договор за позајмица со тимот на Борнмут, а вчера ги одигра и првите минути во тимот на Ед Хау.
Тоа многу го налути Ворнок кој изјави дека Ливерпул не е класа тим затоа што веќе претходно биле договорени Клајн да се пресели во велшкиот клуб.
„Бев разочаран со Клајн. Знаејќи дека јас му дадов можност за деби настап. Разочаран сум не само од него, туку и од сите во Ливерпул затоа што не ме побараа во врска со него.
Видов на телевизија дека заминал во Борнмут, иако тие ми ветија дека Клајн ќе биде мој играч следната недела, тоа е срамно и е недостаток на класа, нели е така?“- луто одговори Ворнок, а потоа продолжи.
„Претпоставувам дека сумата која Борнмут ја плати за Соланке во висина од 19 милиони фунти има удел во трансферот на Клајн. Причината поради која сум разочаран со Натаниел и Ливерпул е тоа дека јас веќе пропуштив да донесам тројца фудбалери затоа што чекав на нив“- заклучи Ворнок.