Ѓоковиќ го обрука Мареј пред стартот на Австралија Опен


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Британецот Енди Мареј одиграа тренинг меч на Маргарет Корт Арената пред почетокот на Австралија Опен.

Иако резултатот беше во втор план, нa крај сепак беше забележан. Ѓоковиќ славеше со уверливи 6:1 4:1.

Средбата не беше одиграна до крај, мораше да биде прекината поради истекот на терминот кој беше предвиден за нив двајца, па се редеа и останатите играчи кои сакаа да го почувствуваат теренот на Австралија Опен.

Ова за Мерeј секако е едно враќање во реалност откако се врати на терените после паузата. Да ве потсетиме, тој е надвор од теренот од средината на 2017 година, а неуспешно се обидуваше да се врати пред почетокот на минатогодишниот турнир Австралија Опен. следеше нова операција и враќање на теренот во Квинс.

Подоцна одигра неколку турнири по ред, по што повторно се одлучи за пауза.

Сепак, се чини дека не е сеуште 100 проценти спремен и во форма, а тоа најдобро го покажува резултатот од овој тренинг натпревар кој не е случаен.

Инаку, британецот е на 230 место во светот моментално, а во првото коло од овогодинешниот Австралија Опен ќе игра против Роберт Баустист- Агута. Мареј досега пет пати има играно во финалето на АО но досега ниеднаш го нема подигнато трофејот.