Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Баерн Минхен, Рафиња на крајот од сезоната ќе стане слободен играч, што значи дека му е веќе дозволено преговарање со други клубови.
Во изјава за германските медиуми, Рафиња признал дека нема да го продолжи договорот со Баерн и донел одлука да се врати во Бразил, поточно во Фламенго.
„Видов какви им се плановите на Фламенго и ми се допаѓаат. Сакам и понатаму да освојувам титули и за тоа ќе имам прилика во Фламенго. Постои заеднички интерес и близу сме до постигнување договор“, порача 33 годишниот фудбалер.
Рафиња во Баерн помина осум години и до сега има одиграно 255 натпревари за германскиот гигант, со тоа што оваа година нема голема минутажа.
Она за што може да жали Рафиња е сиромашната репрезентативна кариера, тој за Бразил има одиграно само четири натпревари.