Србин постигна неверојатен погодок од 10 метри на СП! (ВИДЕО)

Франција ја запиша втората победа на ракометното Светско првенство (СП), откако ја прегази Србија, но на натпреварот во центар на внимание беше Иван Мошиќ.

Мошиќ имаше удар од десет метри и вообичаено во таквите ситуации е тешко да се погоди, но Србинот постигна навистина неверојатен погодок.