Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската ракометна репрезентација го отвори Светското првенство (СП) со триумф против Јапонија од 38-29, а вчера следуваше ден одмор пред денешните нови возбудувања против Бахреин.
Македонскиот селектор Раул Гонзалес реши да не менува ништо од претходниот меч, па на трибините повторно ќе бидат резервниот голман Златко Даскалоски и пикерот Милан Лазаревски, кои одмараа и против Јапонија.
Состав: Борко Ристовски, Никола Митревски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Филип Чурлевски, Филип Лазаров, Дејан Манасков, Горан Крстевски, Мартин Серафимов, Кире Лазаров, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Марио Танкоски и Велко Маркоски.
Мечот денеска почнува од 14 часот, а сите се надеваме на нова победа на нашата селекција.