„Абердин ќе му помогне на Миовски да стане прв напаѓач на Македонија“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Абердин, Џим Гудвин кажа дека македонскиот напаѓач Бојан Миовски покажал зошто шкотскиот тим платил пола милион фунти за неговите услуги.

Гудвин смета дека Миовски може да се бори за „златната копачка“ во Шкотска ако продолжи во ваков ритам, откако постигна три гола во три меча.

„Миовски е момче кое не поставува бројка за цел, а јас сакам да стане што е можно подобар и да постигне што е можно повеќе голови. Минатиот викенд имаше четири шанси, а постигна два гола, што е одлично. Тој сака да биде прв напаѓач на Македонија, а ние ќе му помогнеме во тоа“, кажа Гудвин.

Македонскиот напаѓач го засили шкотскиот тим од МТК.