Абердин откри за колку пари ќе го продаде Миовски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шкотскиот тим Абердин го купи македонскиот напаѓач Бојан Миовски на почетокот на сезоната и тоа се покажа како полн погодок бидејќи тој постигна 11 голови, а со тоа привлече и интерес од другите тимови.

Тренерот на Аберин кажа дека не планираат да го продаваат Миовски до лето, но шкотските медиуми пишуваат дека македонскиот напаѓач би можел уште во јануари да ја напушти екипата од Шкотска.

Медиумите пишуваат дека Миовски би можел да замине од Абердин само ако стигне понуда од пет милиони евра, колку што наводно бара екипата за неговиот потпис.

Миовски во моментов е на врвот на листата со стрелци во шкотското првенство со 11 голови, колку што има и Антонио Чолак од Глазгов Ренџерс.