Абердин за трансферот на Миовски платил 624.000 евра!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски вчера се договори со шкоски Абердин и стави потпис на четиригодишна соработка.

Миовски ги импресионираше сите со неговите настапи во МТК во претходните две години, па сега се сели во поранешниот тим на Сер Алекс Фергусон.

Медиумите од Островот објавија дека Абердин платил 624.000 евра за македонскиот напаѓач и тоа е трето нивно засилување летово.

Абердин, освен Миовски, го купија Ричардсон за 300.000 евра, додека за Рамадани платија околу 100.000 евра.

Миовски на 12 јуни имаше одличен настап и за Македонија, кога постигна два гола против Гибралтар во победата од 4-0.