Абрахам за 80 милиони евра се враќа во Премиерлигата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот напаѓач Тами Абрахам е еден од најдобрите фудбалери на Рома, но не планира долго да остане во Серија А затоа што сака да се врати во татковината.

Абрахам замина од Челси поради малата минутажа кај тренерот Томас Тухел, но премиерлигашот вградил откупна клаузула во договорот со Рома, па може да си го врати напаѓачот за 80 милиони евра.

Челси планира да го направи тоа доколку не успее да го добие потписот на најдобриот стрелец во Серија А, Виктор Осимен од Наполи.

Наполи за Осимен бара над 150 милиони евра, а во моментов делува дека премиерлигашот не е подготвен да плати толку пари затоа што ризикот е голем.

Абрахам, од друга страна, за Челси одигра 82 меча и постигна 30 голови и 12 асистенции.