Адеми испушти шанса за хет-трик, Динамо славеше против Валур! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Динамо Загреб славеше против Валур со 3-2 во квалификациите за Лига на шампиони, иако имаше убедливо водство од 3-0 пред самата завршница на натпреварот, а македонскиот репрезентативец Аријан Адеми постигна два гола.

Адеми го отвори резултатот во осмата минута од мечот со одличен погодок, а потоа Мајер од пенал стрелаше и за 2-0.

Во вториот дел Динамо погоди и за 3-0 преку Адеми, по што македонскиот фудбалер имаше можност за хет-трик, но промаши пенал.

Токму тука почна распадот на Динамо, кој во последните минути од натпреварот примија два гола од Сигурдсон и Адолфсон (3-2).

Реваншот меѓу овие две екипи се игра на 13 јули, додека победникот ќе се соочи против Омонија во следното квалификациско коло.