Адеми му стана „кошмар“ на Шкупи (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Динамо Загреб славеше со 1-0 во реваншот против Шкупи во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ) и со вкупни 3-2 обезбеди место во следното коло.

Мечот започна мирно и двете екипи беа повеќе претпазливи кон својот гол. Првата посериозна прилика ја имаше Динамо Загреб кога после еден корнер одлично интервенираше голманот Наумовски. Веднаш на спротивната страна Шкупи возврати со удар од далечина на Адентуџи.

Натпреварот беше решен на стартот на вториот дел, кога македонскиот капитен Аријан Адеми го искористи додавањето во казнениот простор од Менало и погоди за 1-0.

Динамо во следното коло од ЛШ ќе се сретне со екипата бугарски Лудогорец, а Шкупи од на двомеч во квалификациите од Лигата на Европа против Шамрок.