Адеми нема да игра против Грузија, Ангеловски го повика Тотре


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација в четврток најверојатно нема да може да смета на Аријан Адеми во финалето на Лига нации против Грузија.

Адеми се повреди пред натпреварот на Динамо Загреб против Истра во хрватскиот шампионат, но и покрај тоа пристигна во Скопје каде што беа направени дополнителни прегледи и беше потврдена повредата.

Македонскиот фудбалер ќе замине кон Грузија и ќе се чека до последен момент за да биде познато дали ќе настапи или не. Во меѓувреме македонскиот селектор Игор Ангеловски го повика Енур Тотре од Шкендија.

Македонските фудбалери ќе тренираат денеска во тренинг-центарот „Петар Милошевски“, а потоа заминуваат за Тбилиси, каде што ги очекува меч против Грузија од 18.00 часот.