Адеми освои уште една титула со Динамо и стана рекордер во Хрватска!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми заедно со сонародникот Стефан Ристовски ја освои новата титула со Динамо Загреб во хрватскиот шампионат.

Адеми се запиша во историјата на клубот и во хрватскиот фудбал затоа што сега има 10 трофеи во хрватската фудбалска лига.

Македонскиот фудбалер неколку пати имаше понуди да замине од Загреб, но сепак остана во Динамо и го предводеше до нови успеси.

Ристовски ја освои втората титула во хрватското првенство, откако првата ја зема пред неколку години со тимот на Риека.