Адеми се повреди и ќе паузира до крај на сезоната!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се повреди и нема да игра во реваншот од четвртфиналето во Лига Европа против Виљареал, а според првите информации од Хрватска, сезоната за капитенот е завршена.

Дополнителните прегледи ќе треба да откријат дали Адеми има скршеница на стапалото, а доколку постои такво нешто, тогаш тоа ќе биде дополнителен проблем затоа што го очекува долга пауза.

Адеми поради болка го заврши натпреварот против Локомотива во домашното првенство, а тоа ќе создаде главоболки за селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски.