Адеми, сепак, ќе биде подготвен за реваншот со Виљареал?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Динамо Загреб, Дамир Крзнар кажа дека повредата на Аријан Адеми е тешка, но по деталните прегледи ќе бидат познати повеќе детали.

Адеми се повреди против Локомотива, а првите прогнози беа дека ќе паузира до крајот на сезоната, но сепак деталните прегледи дадоа добри вести.

Тоа значи дека Адеми ќе биде на располагање на Македонија за Европското првенство, а македонскиот репрезентативец најверојатно ќе се врати на теренот уште во следниот меч против Виљареал.

„Аријан доби незгоден удар во натпреварот со Локомотива, има оток на зглобот, а лекарскиот тим прави напори што побрзо да ја санира повредата. Имаме една трка со времето, ние веруваме дека ќе биде спремен за настап во четврток“, изјавиле од Динамо за хрватскиот портал „24сата“.