Адеми стана фудбалер со најмногу настапи за Динамо Загреб во Европа!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец и фудбалер на Динамо Загреб, Аријан Адеми се запиша во историјата на хрватскиот тим.

Адеми го одигра својот 77. меч во Европа, па така го урна рекордот на Самир, кој претходно имаше 76. настапи за Динамо во европските натпреварувања.

Динамо Загреб обезбеди европска пролет во Лига Европа преку групната фаза, па така Адеми дефинитивно ќе го подобри рекордот по број на настапи во Европа.

Адеми ќе стигнеше уште пред долго време до рекордот, доколку не мораше да пропушти повеќе натпревари во сезоните од 2015 до 2018 поради допинг-афера.