Агентот на Кавани најави трансфер: Да, постојат преговори…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уругвајскиот фудбалер, Единсон Кавани би можел и во зимскиот преоден рок да си замине од редовите на ПСЖ.

Кавани ќе остане слободен агент по крајот на оваа сезона и се очекуваше да си замине следното лето, но можно е тоа да се случи и овој јануари.

Агентот на фудбалерот, Валтер Кавани потврди дека постои можност  тој да се врати во Италија каде претходно играше во Палермо и Наполи.

„Да, постои можност тој да се врати во Италија. Постојат контакти, но тоа е тоа што можам да ви го кажам во овој момент.  Галакси? Шпекулации“ –дециден беше братот на Единсон Кавани.