Агуеро би можел да остане во Англија, но името на новиот тим ќе ве изненади

Манчестер сити неодамна соопшти дека Серхио Агуеро на крајот на сезоната ќе го напушти тимот. Договорот со „граѓаните“ му завршува за неколку месеци и тој не се договори да го продолжи.

Аргентинецот по 10 години заминува од „Итихад“, а во претходните денови се шпекулираше дека Агуеро сака да остане во Премиерлигата.

За неговите услуги се заинтересирани Челси и Тотенхем, но и уште еден клуб кој ги изненади сите. Се појави информација дека Лидс ќе се обиде да го ангажира Агуеро да потпише договор со нив, иако такво нешто е речиси невозможно.

Тренерот Марсело Биелса сака да му понуди главна улога во тимот и се надева на позитивен одговор, но Агуеро претходно кажа дека за нов тим ќе реши пред почетокот на следната сезона.